Не викам дека вкупна плата на играчи од 270К е доволна за да бидеш шампион во втора лига, тоа е само за сезоната кога ќе испаднеш од прва лига за да ги минимизираш трошоците ако веќе си решил да испаднеш. Во зависност од конкуренцијата во втора лига може да купиш 2-3 засилувања а со оглед на тоа што многу се паднати цените на играчите на ТЛ, за 7000К можеш купиш еден куп квалитетни играчи. За овие 3 месеци дремење на ТЛ можев само да жалам што немав пари гледајќи какви играчи се продадоа за релативно малку пари, треба само да имаш нерви и стрпливо да чекаш играчи какви што ти требаат да отидат за помала цена.
Слободно можам да кажам дека Olli Krentschker кој го купив за $ 673 700 и Žadmantas Mingaudas кој го купив за $ 364 000 се ТОП 10 играчи во елитата а ги купив многу ефтино затоа што ми се наместија коцките. Литванецот беше повреден 2 недели и непосредно пред плеј-офот кога сите купуваа засилувања никој не сакаше да троши пари за него уште да му ја плаќа 2 недели големата плата, за среќа јас бев 5 место и го искористив моментот да го купам знаеќи дека нема да му ја плаќам платата 2 недели. Германецот го купив на крајот од меѓусезоната кога поголемиот дел од тимовите беа во загуби поради малите приходи а доаѓаше неделата кога сите мораа да ги платат платите на своите играчи па ретко кој бараше тогаш засилување кога знае дека во наредниве 2 економски ажурирања ќе има само еден лигашки меч (оној во саботата што помина).
Само треба добар план, а овој не е единствен, како што кажа Xsago постојат повеќе рецепти да се стигне до успех. Секој од нас ќе си избере по кој пат ќе тргне, па задравје после 5-10 сезони ќе правиме муабет кој што постигнал :)
Last edited by Dadimo at 5/24/2012 5:29:08 AM