Ова сакав да го пишам пред 2 недели кога ги скаутирав сите потенцијални У21 играчи но изгубив многу време па не стигнав а денес имам и повод.
Двете најголеми грешки што ги прават поголемиот број на менаџери кои тренираат У21 играчи и се надеваат да направат У21 репрезентативци се следниве:
1. Недоволно се тренира одбрана. Ова е несфатливо, одбраната е најважниот скил а повеќето менаџери никако тоа да го сфатат и после ќе се лутат зошто нивните играчи не се викнати во У21.
2. Премногу се тренира двопозициски. Друштво, една работа мора да сфатиме, времето за да се истренира еден У21 репрезентативец е прилично кратко и уште ако губиме време на двопозициски тренинзи ништо не правиме. Во другите репрезентации има У21 играчи со 50К па и со 100К плати кај нас се радуваме на играч со 25К плата.
Жално. Веќе од поодамна е констатирана жалната вистина дека странците подобро ги тренираат нашите деца од нас. А тоа не е дека се поголеми патриоти од нас туку си ја знаат работата и не губат многу време на двопозициски тренинзи.
Во следниот пост ќе се обидам да дадам пример како е најдобро да се истренира еден У21 играч а како пример ќе го земам Tihi Stefchevski
(26665929) кој се тренира бриљантно.
Last edited by Dadimo at 6/1/2013 5:13:45 AM