Би сакал да напоменам дека на последната пријателска поради многу слабиот квалитет на нашиот противник им дадов шанса на играчи кои не добиваа многу шанси да играат во официјалните натпревари (бидеќи имавме подобри од нив) а добро напредуваа во текот на сезонава па сакав на некој начин да ги наградам нивните менаџери и да ги мотивирам да продолжат со исто темпо да ги развиваат нивните играчи.
Исто така да ве информирам дека селекторот на Словачка која ни е противник во следната пријателска ме замоли да играме со играчи до 20 години па немојте да ми замерите што ќе ги извадам играчите кои нема да играат следната сезона, се ближи крајот на сезонава а има многу работа околу скаутирањето на сите потенцијали со кои располгаме па време е да се почне со подготовки за следната сезона и создавањето на новата генерација. Вие продолжете со тренирањето на вашите играчи, можно е играчите да бидат вратени во У21 во зависнот од квалитетот на противникот во следните пријателски до крајот на сезонава.
Што се однесува до резултатите на У21 оваа сезона би рекол дека одигравме над очекувањата осовојувајќи го четвртото место во нашата група на ЕП во Полска.
http://prntscr.com/30p6tuhttp://www.buzzerbeater.com/world/standings.aspx?teamid=1...Победивме две репрезентации кои имаа подобар рејтинг од нас (Швајцарија и Австрија), двата аутстајдери Ирска и Молдавија ги демолиравме со помало залагање а изгубивме од трите репрезентации со кои немавме никакви шанси, фаворитите Латвија и Турција како и изненадувањето Естонија која има одлична генерација оваа сезона, сонувам еден ден и ние да имаме една ваква генерација, а не е невозможно, треба секој од нас да даде по 1-2 дете и сигрно успехот ќе дојде.
Оставаме една генерација која беше крајно неизбалансирана, бевме многу посилни на центарските позиции но морам да искажам големо задоволство што за прв пат гледам толку добри дефанзивци во нашата У21 со над 15-16 одбрана и тоа беше еден клучните моменти за нашиот успех. Формата која исто така е многу битен фактор беше на задоволително ниво, ако некој играч паднеше во формата некој друг ќе влезеше во добра форма и одлично се надополнуваа еден со друг а не беме толку малери и со повредите. Се повреди само нашиот најдобар надворешен играч Радојко Ламбески на 2 недели ама беше здрав кога највеќе ни требаше против Швајцарија и Австрија.
Голема благодорност до сите менаџери кои дадоа голем придонес со своите деца за позитивните резутати оваа сезона, следната сезона ќе имаме најверорајтно послаба генерација но и поизбалансирана затоа што ќе имаме подобар избор на надворешните позиции а нема да бидеме толку јаки на внатрешните, а очекувам и полесни противници во утешниот турнир па ако имаме среќа со ждрепката, формата и повредите може да имаме уште подобри резултати.