BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija

U21 Makedonija (thread closed)

Set priority
Show messages by
From: Dadimo
This Post:
00
149768.744 in reply to 149768.743
Date: 1/29/2014 11:15:52 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ги одигравме првите 4 кола од европското првенство во Полска играјќи со четирите најсилни репрезентации во нашата група, најсилни и според рејтингот и според генерацијата што ја имаат. Според мене, далеку најсилни генерации имаат балтичките земји Латвија и Естонија па очекувам овие 2 репрезентации да ги освојат првите 2 места кои водат во следната фаза. Против нив одигравме најслабо, далеку под нашите можности но тоа беше дел од планот да ги скриеме нашите адути кога веќе немаме никакви шанси против нив. Токму ваквиот добар план донесе резултат против фаворитот Швајцарија во третото коло кога успеавме да ги изненадиме и да постигнеме вредна победа. Швајцарија заедно со Турција од која изгубивме во последното коло треба да се борат за третото место во групата. Турците немаат генерација достојна за нивниот висок рејтинг но и оваа што ја имаат е пресилна за нас. Пробавме да ги изненадиме таму кај што најмалку очекуваа со надворешен напад но како што сите знаете толку ни е силата на надворешните позиции.
Нашиот максимум е 5-то место (евентуално 4-то ако се случи некое изненадување) а за него ќе се бориме против подобро рангираната од нас Австрија во последното коло кога ќе одиме на победа. Во меѓувреме ќе ги одиграме и натпреварите против најслабите репрезентации во нашата група Ирска и Молдавија против кои очекуваме сигурни победи.
Поздрав од У21 Македонија !

From: Dadimo
This Post:
00
149768.745 in reply to 149768.744
Date: 3/14/2014 9:21:25 AM
Overall Posts Rated:
5555
Младински репрезентативец е на ТЛ, ќе игра сигурно следната сезона ако биде во добра форма а секако пожелно да се продолжи со неговиот добар развој. Цената моментално е 500К а рокот истекува утре после 14 часот:
(30238929)

From: Dadimo
This Post:
00
149768.746 in reply to 149768.745
Date: 3/14/2014 9:59:57 AM
Overall Posts Rated:
5555
Би сакал да напоменам дека на последната пријателска поради многу слабиот квалитет на нашиот противник им дадов шанса на играчи кои не добиваа многу шанси да играат во официјалните натпревари (бидеќи имавме подобри од нив) а добро напредуваа во текот на сезонава па сакав на некој начин да ги наградам нивните менаџери и да ги мотивирам да продолжат со исто темпо да ги развиваат нивните играчи.
Исто така да ве информирам дека селекторот на Словачка која ни е противник во следната пријателска ме замоли да играме со играчи до 20 години па немојте да ми замерите што ќе ги извадам играчите кои нема да играат следната сезона, се ближи крајот на сезонава а има многу работа околу скаутирањето на сите потенцијали со кои располгаме па време е да се почне со подготовки за следната сезона и создавањето на новата генерација. Вие продолжете со тренирањето на вашите играчи, можно е играчите да бидат вратени во У21 во зависнот од квалитетот на противникот во следните пријателски до крајот на сезонава.

Што се однесува до резултатите на У21 оваа сезона би рекол дека одигравме над очекувањата осовојувајќи го четвртото место во нашата група на ЕП во Полска.
http://prntscr.com/30p6tu
http://www.buzzerbeater.com/world/standings.aspx?teamid=1...

Победивме две репрезентации кои имаа подобар рејтинг од нас (Швајцарија и Австрија), двата аутстајдери Ирска и Молдавија ги демолиравме со помало залагање а изгубивме од трите репрезентации со кои немавме никакви шанси, фаворитите Латвија и Турција како и изненадувањето Естонија која има одлична генерација оваа сезона, сонувам еден ден и ние да имаме една ваква генерација, а не е невозможно, треба секој од нас да даде по 1-2 дете и сигрно успехот ќе дојде.
Оставаме една генерација која беше крајно неизбалансирана, бевме многу посилни на центарските позиции но морам да искажам големо задоволство што за прв пат гледам толку добри дефанзивци во нашата У21 со над 15-16 одбрана и тоа беше еден клучните моменти за нашиот успех. Формата која исто така е многу битен фактор беше на задоволително ниво, ако некој играч паднеше во формата некој друг ќе влезеше во добра форма и одлично се надополнуваа еден со друг а не беме толку малери и со повредите. Се повреди само нашиот најдобар надворешен играч Радојко Ламбески на 2 недели ама беше здрав кога највеќе ни требаше против Швајцарија и Австрија.
Голема благодорност до сите менаџери кои дадоа голем придонес со своите деца за позитивните резутати оваа сезона, следната сезона ќе имаме најверорајтно послаба генерација но и поизбалансирана затоа што ќе имаме подобар избор на надворешните позиции а нема да бидеме толку јаки на внатрешните, а очекувам и полесни противници во утешниот турнир па ако имаме среќа со ждрепката, формата и повредите може да имаме уште подобри резултати.


From: Sonics
This Post:
00
149768.747 in reply to 149768.746
Date: 4/2/2014 5:20:06 AM
Overall Posts Rated:
00
Малце ќе бидам офтопик, ама стварно незнаев каде точно да прашам па викам ај овде :)
Порано ја играв играва и стигнав до прва лига( тимот ми се викаше Tigars мислам) и сега ми текна да се вратам. Е сега прашањето ми е на драфтов ми паднаа 2-3 солидни играчи што имаат солиден потенцијал. Едниот е 18 год. суперѕвезда што игра крило, другиот е 19 годишна ѕвезда што игра центар. Ми падна и уште еден центар со потенцијал 6-ти човек и иако моментално е најдобар од сите планирам да го продадам или отпуштам.
На кратко прашањето ми е кој да го тренирам? (центарот моментално е подобар од крилото + центар ми е попотребна позиција, а реално крилово може да испадне подобар играч)

From: Dadimo

This Post:
00
149768.748 in reply to 149768.747
Date: 4/2/2014 7:32:35 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ги проверив Bale Cimovski, Krale Dodevski и Boban Lahtevski. Првиот Бале Цимовски е најталентиран и би требало него задолжително да го тренираш, последниов Бобан Лахтевски е многу слаб и веќе има 19 години не ти се исплати да го тренираш, ако веќе сакаш да тренираш тројца тогаш може да го ставаш во пријателски да игра ама подобро да си најдеш некој поталентиран на ТЛ. Ако сакаш двајца да тренираш тогаш покрај Бале можеш да си продолжиш со тренингот на Крале Додевски иако и тој не е некој голем талент.
Сите тројца се високи играчи, над 201 и можеш сите паралелно да ги тренираш, нема потреба да бираш дали овој или оној. Кога го бирате типот на тренингот гледајте висина не гледајте препорачана позиција која е привремена и може да се менува во зависност од тренингот. Играчи над 201 см најдобро тренираат внатрешни скилови, играчи до 198 см најдобро тренираат надворешни скилови.
Мој совет ти е Бале задолжително да го тренираш, тој е високо крило и му требаат пред се внатрешни скилови, ако сакаш двајца да тренираш да ти најдам некој поталентиран од Крале, а Крале да ти биде резерва(трета опција) за тренирање. Бобан не вреди да се тренира бидеќи имаме еден куп поталентирани играчи и од Крале и од Бобан кои пропаѓаат затоа што нема кој да ги тренира а ти ако веќе имаш желба за тренирање кажи само колку играчи сакаш да тренираш (1,2 или 3) па да ти најдеме нешто поквалитетно.

From: Dadimo

This Post:
00
149768.749 in reply to 149768.747
Date: 4/2/2014 7:44:27 AM
Overall Posts Rated:
5555
Патем добродојде назад, мило ми е кога се враќаат некои менаџери кои играле порано BuzzerBeater. Јас не те памтам да бидам искрен, најверојатно си играл во прва лига пред јас да влезам таму но можеби Бобанс те памти :)
Кажи ми како стоиш со пари, до колку пари си спремен да дадеш за купување на некој поталентиран играч кој сигурно би играл за нашите репрезентации ако се тренира како што треба, а за тренер пожелно е 6-ка ама може и 5-ка да заврши работа.

Поздрав.

From: Dadimo

This Post:
00
149768.751 in reply to 149768.750
Date: 4/2/2014 10:21:18 AM
Overall Posts Rated:
5555
Фала Гари за исправката, бев прилично сигурен дека немав видено тим Tigars откако сум влезен во прва лига ама ете сум почнал да заборавам, сепак тоа било С16 а сега почнуваме С27 :)
Се сложувам со тебе и за тренер 4-ка ако нема пари но само за почеток како преодно решение.

From: panac

This Post:
00
149768.752 in reply to 149768.751
Date: 4/2/2014 12:18:47 PM
StreetBasketMK
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
1515
Здраво,

Некој скаутира потенцијални У21 от овој драфт?

Поздрав,
Панац

From: Dadimo

This Post:
00
149768.753 in reply to 149768.752
Date: 4/2/2014 12:33:15 PM
Overall Posts Rated:
5555
Да, ќе почнам денеска, бидете трпеливи :)

From: Sonics
This Post:
00
149768.754 in reply to 149768.753
Date: 4/3/2014 11:08:17 AM
Overall Posts Rated:
00
Не бев јас тој што намерно го згаснав тимот за да почнам нов, туку едноставно ми се здосади играва :)
Ќе го тренирам Бале поинтензивно, вчера седев тука на форумов и гледав што точно треба да се тренира + што се гледа дали некој е талентиран или не. Крале исто ќе го форсирам па колку може да напредне толку :)
Инаку кога играв прва лига имав 1 добар македонски играч што уствари ми ги вадеше утакмиците, не сум сигурен дали играше во прва реп. или во у21 ама знам дека беше меѓу носителите во у21.
Моментално имам околу 150к и уште 20+к за плати што планирам да ги потрошам на некој добар тренер.
Искрено незнам дали ќе можам да тренирам повеќе од овие 2ца, да видам како ќе оди сезонава, ако ми оди добро ќе гледам повеќе да истренирам следната сезона :)

Advertisement