Ги проверив Bale Cimovski, Krale Dodevski и Boban Lahtevski. Првиот Бале Цимовски е најталентиран и би требало него задолжително да го тренираш, последниов Бобан Лахтевски е многу слаб и веќе има 19 години не ти се исплати да го тренираш, ако веќе сакаш да тренираш тројца тогаш може да го ставаш во пријателски да игра ама подобро да си најдеш некој поталентиран на ТЛ. Ако сакаш двајца да тренираш тогаш покрај Бале можеш да си продолжиш со тренингот на Крале Додевски иако и тој не е некој голем талент.
Сите тројца се високи играчи, над 201 и можеш сите паралелно да ги тренираш, нема потреба да бираш дали овој или оној. Кога го бирате типот на тренингот гледајте висина не гледајте препорачана позиција која е привремена и може да се менува во зависност од тренингот. Играчи над 201 см најдобро тренираат внатрешни скилови, играчи до 198 см најдобро тренираат надворешни скилови.
Мој совет ти е Бале задолжително да го тренираш, тој е високо крило и му требаат пред се внатрешни скилови, ако сакаш двајца да тренираш да ти најдам некој поталентиран од Крале, а Крале да ти биде резерва(трета опција) за тренирање. Бобан не вреди да се тренира бидеќи имаме еден куп поталентирани играчи и од Крале и од Бобан кои пропаѓаат затоа што нема кој да ги тренира а ти ако веќе имаш желба за тренирање кажи само колку играчи сакаш да тренираш (1,2 или 3) па да ти најдеме нешто поквалитетно.