Како што беше најавено претходно се потрудивме да ја завршиме првата фаза од утешниот турнир со скор 6-2 и тоа успеавме да го постигнеме. Не беше тешко, демонстриравме квалитет против аутсајдерите но одигравме одличен натпревар и против фаворитот Сингапур кој имаше двојно подобар ранкинг од нас и нешто подобра прва постава од нас. Но и покрај скорот од 6-2 и добрата кош разлика која не смести на солидното 19-место во првата фазата од утешниот турнир, за жал среќата ни го заврти грбот и ја добивме моќната Турција, една од најтешките репрезентации која дефинитивно не ја заслуживме како противник во ТОП 32 фазата. Одигравме слаб натпревар, моравме да ризикуваме и експериментираме во нападот надевајќи се на чудо ама пресилни се за нас па уште и на нивен терен немавме што да бараме.
Сега откако го завршивме официјалниот дел од оваа сезона можам да го откријам големиот проблем со кој се соочуваше оваа генерација а тоа е што најдобриот играч Iskender Özsevi има (верувале или не) под 7-ка на внатрешен напад со што бевме попречени да играме внатрешен напад во клучните натпревари. Моравме или да играме без него или да не играме внатрешен напад што беше голем хендикеп за нас ако се знае (на глобално ниво во BuzzerBeater) за големата надмоќност на внатрешниот напад во однос на другите тактики.
Дали можеше подобро од ова?
Да, со опуштено место нормал против Албанија и нормал место опуштено против Германија ќе имавме 7 победи и еден пораз во групната фаза што сигурно ќе ни донесеше послесен противник од Турција со релни шанси за пласман во ТОП 16 ама кој е тој јунак што ќе игра опуштено против Албанија на нивен терен со тим сличен на нашиот а посакуваме сигурна победа. Згора на се кој е толку видовит што ќе предвиде дека Германија ќе ја утне тактиката во одбраната па со наша добра тактика ќе бидеме блиску до изненадување. Многу полесно е кога се гледаат натпреварите откога ќе завршат.
За оваа сезона толку, и покрај тешкиот пораз од Турција и оваа сезона можеме да ја оцениме како успешна бидеќи ги победивме сите послабо рангирани репрезентации од нас а успеавме да победиме и една подобро рангирана репрезентација од нас. за поголем успех потребни ни се и подобри генерации кои незнам дали ќе ги дочекаме некогаш.
Од У21 извадив 3 играчи, еден повреден на 2 недели, еден кој не беше трениран воопшто цела сезона и еден кој беше цела сезона на ТЛ за ненормална цена а исто така не беше трениран баш како што треба.
На нивно место се повикани 3 играчи кои одлично напредуваа оваа сезона и ќе бидат од голема корист следната сезона:
(31210691),
(31210904) и
(32262490). Следната недела ќе бидат извадени сите 21-годишни кои немаат потенцијал за НТ а за две недели ќе бидат извадени сите преостанати 21-годишни играчи и тогаш ќе започне комплетен скаутинг и пребарување играчи за следната сезона.
Last edited by Dadimo at 6/9/2014 2:52:09 PM