Да, генерално за сениорска резпрезентација потребно е МВП+ потенцијал, може и од суперстар да се направи интересен играч ама треба како крило да го тренираш или некој специфичен играч:
1. со добра надворешна одбрана + добар внатрешен шут
или
2.добра внатрешна одбрана+ добар скок шут и надворешен шут
ама за тренирање вакви играчи треба многу жртвување на резултатите на тимот. Ти го форсираше Златков на надворешен шут заради еднопозицискиот тренинг што е за пофалба ама со тоа му потроши доста од суперстар потенцијалот, па те советувам повеќе да не го тренираш надворешен шут бидеќи ќе ја направиш истата грешка што јас ја направив со Ализоти
(18290943) кој никогаш не стана доволно добар за сениорски репрезентативец. Ако сакаш можеш да го продадеш а можеш и да си направиш солиден домашен играч за твојот тим само немој повеќе да му тренираш надворешен шут а за репрезентација мали му се шансите. Доколку се решиш да продолжиш да го тренираш ти стојам на располгање за совети околу тренингот како најпаметно да му го потрошиме потенцијалот.