Економија, економија, економија.
Често пати сме збореле на темата таа е навистина во сржта на играта.
Се во ББ се изразува во бројки, а најважните од нив се бројките на економијата.
Навистина, ББ не е ништо друго освен игра на економија.
Умешноста во менаџирањето со економскиот баланс на тимот е разликата помеѓу успех и неуспех. Нам ние видлив дел од тој економски баланс кој го гледаме во форма на недела разлика помеѓу приходите и расходите. Голем е предизвикот да се изнајде форма на долгорочно успешно управување со заработката и потрошувачката, но во принцип тоа и не е на ниво на rocket science.
Внимание треба да се посвети на неделните, краткорочните (неколку-неделни периоди) и долгорочните (сезонски, повеќесезонски) финансиски фактори. Тоа е планирање. Навистина, ние понекогаш се наоѓаме во состојба да внесеме доза на поголема економска агресија и свесно да одиме во загуба, со цел да оствариме одреден резултат. Меѓутоа треба да имаме на ум дека таквиот пристап нема иднина на долг рок. Едноставно, таквиот момент на економска агресија треба да има своја цел во функција на точно определен рок. По исполнување на целта/завршување на тој определен рок треба да „се стегне финансискиот ремен“. Која е поентата да составиш 1 милионски ростер и него да го држиш 20 недели, кога таквиот ростер е потребен во само 4 недели?
Интересен момент, кој често го забораваме, посебно ние прволигашите, е тренингот. Тренингот е фантастична алатка со која може да бајпасираме трошок. Имено, вредноста на платата се ажурира само еднаш во сезоната - и тоа на самиот почеток! Цели 14 недели играчите ќе ја имаат истата плата. Следи илустрација:
Ситуација #1: Купување 27+ годишен центар со 250к+ плата на почетокот на сезоната и следен профил:
Скок Шут: Добар Шут од далечина: Недоволен
Надворешна Одб.: Недоволен Техника: Недоволен
Продорност: Просечен Додавање: Недоволен
Внатрешен Шут: Епски (18) Внатрешна Одб.: Епски (18)
Скокови: Натприроден (15) Блокади: Добар (8)
Несомнено, тоа е одличен играч и (веројатно) исполнет потенцијал. Прав прволигашки allstar кој ќе доминира во најголем дел од сезоната, особено на нејзиониот почеток. Меѓутоа, сето тоа си доаѓа со цена. Овој играч за 1 сезона ќе извлече 250к x 14 недели = 3,5 милиони долари. Куме, многу е! Ако овој играч НЕ го тренираме тој ќе биде на исто ниво на квалитет на крајот на сезоната како и на почетокот на сезоната. Платата на крајот на сезоната ќе му биде иста како онаа на почетокот.
Ситуација #2: Купување 22 годишен играч, со потенцијал МВП+, и плата 100к на почетокот на сезоната.
Овој играч е сеуште неизграден и има многу простор за напредок, и да речеме дека го има овој профил:
Скок Шут: Добар Шут од далечина: Недоволен
Надворешна Одб.: Недоволен Техника: Недоволен
Продорност: Просечен Додавање: Недоволен
Внатрешен Шут: Величенствен (16) Внатрешна Одб.: Величенствен (16)
Скокови: Светска класа (14) Блокади: Добар (8)
Разликата помеѓу двата играчи е +2 внатрешен шут, +2 внатрешна одбрана и +1 скокови за првиот (5 скила разлика). Финансиската разлика е 150к повеќе за првиот играч.
Ако вториот играч го купите на почетокот на сезоната и веднаш пристапите кон 1 позициски тренинг на центарски вештини, овој играч има голема можност при крајот на сезоната да го достигне нивото на првиот. Така, вие во даден момент од сезоната ќе имате ист по квалитет играч како првиот, само што овој ќе ви бара 150к плата помалку неделно.
Интересно е што во ситуација на плејоф судир помеѓу два тима, од кој едниот го поседува првиот, а вториот тим го поседува „истрениран“ вториот играч, сопственикот на првиот тим, ако се ориентира само врз основа на плата, може да направи превид. Ќе си рече, мојот 250к играч има да го растури неговиот 100к играч. Кобна грешка!
Да, тренингот знае да биде зафркната работа ;)
Инаку, за 14 недели газдата на вториот играч за него ќе потроши 100k x 14 = 1,4 милиони долари.