Балансирани се, ок, ама тоа ниту е добро за во иден план нито за правење огромни пари.
Значи според тоа што го велиш, тие играчи се солидни за во трета лига, вложуваш труд за 3 лигашки играчи...
Според мене не е ок, единствено добро нешто е тоа што ќе можеш да ги продадеш и да земеш некоја ситна пара (300К според скиловите).
Едно обшто правило за играта што може и си го разбрал до сега. Имаш две варијанти во играва.
1. Се ориентираш на тренирање и создавање на играчи по твој вкус (минуси - бавно ќе се развиваш во играта. плусови - создаваш профили на играчи какви што ти требаат тебе и не зависиш од трансфери)
2. Правење пари со купи/продај стратегија (плусови - брзо се ќарат пари , минуси - треба да посветиш големо внимание на играта, да не речам нонстоп да следиш трансфер листа).
Со првиот тим одам на варјанта 1, ова ми е 5 или 6 сезона, без некој брутални трансфери, веќе имам играч на прагот на сенирска репрезентација, земан од драфт, имам и друг исто така од драфт на 19 години што сигурно ќе биде репрезентативец. Целата моја тактика се основа на овие двајца.
Со тимот во Утопија, првата сезона одев на купи/продај. До душа, добро ми одеше и ми се исплати тактиката. Веќе имам тим што ќе може да избори промоција годинава, со играчи од трансфер земани од печалката од купи/продај. Но, од оваа сезона, се преориентирав на тренирање млади играчи, пошто немам толку време како минатата за купи/продај. Земав македонец со висок потенцијал и ќе го правам репрезентативец.
Значи во главно, играва е стратегија, мораш да имаш зацртано план за да успееш. Мораш да земаш во предвид сите детали во играва за да знаеш како да поставиш стратегија.
Се надевам сум ти бил полезен.
За подетална помош, feel free да ме исконтактираш и на private message.
поздрав,
панац