Овој играч
(10994989) го тренирав долго време и редовно ама никогаш не стана репрезентативец.
Знаеш ли зошто?
Затоа што претежно го тренирав двопозициски тренинг а ако со двопозициски тренинг не сум направил репрезентивец тогаш можеш да замислиш до каде ќе стигнеш со тренирање цел тим. Тоа е бесмислен начин на тренирање и само губење време. Тренирање цел тим само таму каде што мораш: слободни фрлања и издржливост. Тренирање двопозициски само каде што мораш: скок шут, скокови и 1 на 1, се друго се тренира еднопозициски ако сакаш да имаш успех.
Инаку тренирањето крила е сложена работа и бара знаење и многу жртви бидеќи треба често да го менуваш типот на тренингот т.е да тренираш и внатрешни и надворешни скилови па добро би било повремено да се консултираш со некој поискусен.