Ни пристигна уште една ѕверка во тимот. Уште еден бандит кој се надеваме дека си го најде својот мир. Најде розев Свет, кој до сеа му беше сиво обоен. За неговите 18 годинКи има сменето дури 2 тима до сега, овој му е 3 и се надеваме дека така и ќе остане.
"Супер ми е овде, ме пречекаа со добра рап журка која ја приреди Хип Хоп Царот од Црвената "банда". Журката за добредојде беше лудило. Очекувам уште денес напорен тренинг на Слободни фрлања" рече младиот Русе и замина во хотелот со неговиот пријател Музак, кои беа во очите ко варени зајци. Аххх таа младина што прави.
"Ова е супер вест за мене, не го очекував Русе, мојот драг пријател, да заигра со мене. Заедно јадевме крушки на големите одмори во средно" додаде Васето кој беше наспан, спремен за денешниов тренинг. Вистински про!
Дали си го нашол својот мир, дали ќе си ја сфати работата сериозно и ќе си ги подмачка патиките и ќе помогне најмногу што може останува да видиме....